Hydac

HYDAC International е основана во 1963 како компанија за хидраулична опрема и денес е мултинационална компанија со повеќе од 8000 вработени и преку 500 партнери ширум светот. HYDAC како компанија со германски производ се залага за квалитетот и задоволството на клиентите при што секој производ е тестиран од страна на квалификуван персонал со напредна технологија задржуваќи високи стандарди како ISO 9001:2000, професионална етика и меѓу себно почитување во сите трансакции со клиентите.

 Производите на  HYDAC се поделени во следниве групи:

 – Технологии за филтрирање

 – Технологии за ладење

 – Акумулаторски технологии

 – Хидраулични цилиндри

 – Компактна хидраулика

 – Контролни технологии

 – Електроника, мерна технологија, соленоиди, опрема за возила

 – Вентили

 – Топлински разменувачи

 – Сензори

 – Хидраулика за висок притисок

 – Мобилни вентили

 – Далечинска контрола

    HYDAC e компанија која произведува хидраулични компоненти вклучувајќи хидраулични акумулатори , флуидни филтри , системи за филтрирање, процеснифилтри,системи за ладење, индустриски вентили , системи за мерење на притисок , цилиндри , пумпи , системи за мерење и монтажна технологија која тежнее да биде на високо ниво со иновативни решенија која се карактеризира со соработка со истражувачки институти и универзитети при што има големи број на патенти од HYDAC.